Невреме доаѓа во Австралија, опасност од поплави бидејќи земјата не ја впива водата

0
106

Силно невреме со грмежи и пороен дожд, а на некои места и град, ги погоди регионите на Австралија кои со месеци се борат со пожарите, кои комплетно уништија делови од земјата.

Иако невремето може да донесе многу потребна помош на пожарникарите кои се борат против некои од најтешките пожари во историјата на Австралија, метеоролозите велат дека сè уште не е сигурно дека ќе падне дожд таму каде што е најпотребно и дали ќе биде доволно.

Досега не падна доволно дожд за гаснење на пожарите, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на загриженоста на официјалните лица дека обилните врнежи од дожд може да предизвикаат поплавување бидејќи водата буквално се лизга од исушената земја.
Исто така, пожарите уништија голем дел од вегетацијата што може да апсорбира врнежи од дожд.

Државната служба за итни случаи на Викторија објави на Фејсбук неколку фотографии на кои се гледа штетата од невремето, вклучувајќи ја и дупката со ширина од четири метри која се отворила покрај  пат.

Речиси 77 милиметри дожд паднале во делови од Мелбурн, предизвикувајќи поплави и некои штети, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс соопшти на Твитер дека иако овој дожд нема да ги изгасне сите пожари, тоа сигурно помага во нивно проширување.

Си-Ен-Ен јави дека дождот не паднал во сите делови погодени од пожарите, но и дека повеќе од 10.000 домови и компании останале без струја во Нов Јужен Велс заради невремето.