Во јуни свечено отварање на џамијата во Љубљана

0
174

Џамијата во Љубљана официјално ќе биде отворена во јуни годинава, потврдено е на неодамнешната средба меѓу премиерот на Република Словенија Марјан Шарец и муфтијата на Исламската заедница (ИЗ) во Словенија Неџад Грабус.

Муфтијата Грабус го извести премиерот дека Исламската заедница наскоро го завршува проектот за изградба на џамијата, и го покани да присуствува на инаугурацијата.

За време на средбата, премиерот Шарец и муфтијата Грабус разговарале и за тековните проблеми во врска со функционирањето на црквите и верските заедници во Словенија.

Muftija.jpg - U junu svečano otvaranje džamije u Ljubljani
Фото: Средба на премиерот Шарец и муфтијата Грабус

Камен темелник за изградба на првата џамија во Љубљана беше поставен во 2013 година. Заедно со џамијата, изградена е целата придружна инфраструктура, а улицата која води кон џамијата, со одлука на Градскиот совет на градот Љубљана, а на предлог на Исламската заедница го носи името Џамијска улица.

Капацитетот на молитвениот простор во џамијата е 2.000 лица, додека однадвор ќе може да прими околу 660 џематлии. Џамијата во Љубљана ќе биде единствената џамија во Словенија, што за муслиманите од оваа земја, кои со децении ја чекаат џамијата, е исполнување на повеќедецениски сон.

Првата џамија во Словенија е изградена во Лог под Мангартом во 1916 година, за време на Првата светска војна, по што беше срушена. Денес таму се наоѓаат само темелите на џамијата.

Исламската заедница во Словенија делува во уште 18 градови каде што постојат месџиди, но џамијата во Љубљана, која треба да се отвори во јуни, ќе биде единствената џамија со минаре во Република Словенија.

(Препород.инфо)