Канадски премиер Џастин Трудо: Украинскиот авион соборен е со иранска ракета

0
147

Украинскиот авион  соборен е со иранска ракета, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо. Сепак, тој додал дека уривањетто не било намерно.

Украински авион што се урна на 8 јануари кај Техеран соборен е од иранска ракета, изјави канадскиот премиер астин Трудо на прес-конференција во Отава. Сепак, тој додаде дека уривањето било не намерно..

Тој рече дека неколку разузнавачки извори, вклучувајќи и Канадски, посочиле дека Боинг 737, кој се урна на 8 јануари во близина на Техеран, е „соборен од иранска ракета – земја до воздух“.

„Како што реков вчера, Канаѓаните имаат прашања и заслужуваат одговори“, рекол Трудо. Џастин Трудо зја абележа „потребата од темелна истрага за ова прашање“.

Хипотезата за лансирање ракета „земја-воздух“ претходно беше формулирана од украинскиот совет за одбрана и безбедност. Покрај тоа, некои медиуми, повикувајќи се на претставници на Пентагон и американски и ирачки тајни служби, исто така, изјавија дека Боинг бил погоден од иранска ракета земја-воздух.

CBS News објави дека американските сателити откриле лансирање на две ракети од земја до воздух непосредно пред несреќата.

Доналд Трамп го доведе во прашање објаснувањето дека уривањето на украинскиот Боинг во близина на аеродромот во Техеран е предизвикан од технички проблеми.

Иран, од своја страна, ја отфрли претпоставката дека авионот бил соборен. Шефот на иранската организација за цивилно воздухопловство, Али Абеџеде, изјави дека авионот не можел да биде соборен, бидејќи неколку други „ирански и странски“ авиони биле во иста висина во тоа време.