Нападите врз американските цели на ирачката територија се само почеток на регионална операција, изјави во четвртокот командант на Исламската револуционерна гарда.
Со напаѓањето на бази со американски трупи во Ирак, Техеран започна голема операција во регионот против американски цели, изјави командантот на Исламската револуционерна гарда Амир Али Хаџизаде.
Според него, „соодветна одмазда“ за атентатот врз генералот Касем Сулејмани би била да се видат американските трупи да се повлечат од Блискиот исток. Командантот Хаџизадед исто така истакна дека нападите врз ирачките бази биле насочени кон оштетување на „воената машина“ на Соединетите држави, а не за убивање на воениот персонал.
Исто така, според офицерот, пред лансирањето на ракетата, Техеран извршил „сајбер напади за да ги деактивира системите за навигација на американските авиони и беспилотни летала“.
Претходно, претседателот Доналд Трамп ја одигра играта на смирување после ирански ракетни напади во знак на одмазда за убиството на генералот Касем Сулејмани.









