САД соопштија дека се подготвени за преговори со Иран

0
121

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека се подготвени да вршат сериозни преговори со Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на американските медиуми, постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН), Кели Крафт, во писмото што го достави до Советот за безбедност на ОН напиша дека нејзината земја е подготвена за преговори, со цел меѓународниот мир и меѓународната безбедност да не бидат во поголема опасност или за спречување на иранскиот режим да ги зголеми тензиите.

Крафт во писмото, укажувајќи на убиството на генерал Касим Сулејмани, командантот на силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда, рече дека САД ќе преземат доплнителни мерки доколку е потребно за заштита на својот персонал и своите права на Средниот Исток.

Од друга страна, постојаниот претставник на Иран во ОН, Меџит Тахт Раванчи, во писмото доставено до Советот за безбедност на ОН нагласи дека предлогот на САД за вршење преговори во период кога сè уште се во тек тешките економски санкции против Иран, е нешто неверојатно.

Раванчи рече дека погодувањето со ракети на американската база во Ирак од страна на Иран е легитимно во рамките на 51. член од Конвенцијата на ОН.