Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, се сретна со премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, јавува Агенција Анадолија (АА).

Средбата на Чавушоглу со Абдулмехди беше реализирана во премиерскиот Кабинет во Багдад.

Состанокот беше затворен за медиумите.

Во рамки на посетата на Ирак, се очекува дека Чавушоглу ќе се сретне и со претседателот на Ирак, Берхем Салих, со ирачкиот министер за надворешни работи, Мухамед Али ел Хеким, и со претседателот на ирачкиот Парламент, Мухамед ел Халбуси.

Извор:Анадолија