Продолжува: Две ракети паднале во близина на американската амбасада во Багдад (Видео)

0
146

Две гласни експлозии одекнаа вечерва во Багдад, по што се слушнаа сирени, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на сведоци. Агенцијата додаде дека не е позната причината за експлозиите.

Од друга страна ирачката телевизија ал-Мајадин, тврди дека две ракети паднале во Зелената зона во централниот дел на Багдад, во која се сместени владини згради и дипломатски објекти.