Иран се закани со напади на Израел и Дубаи

0
140

Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи доколку САД се одмаздат за ирански ракетен напад врз две бази со американски трупи во Ирак.

„Ние ги предупредуваме сите сојузници на САД кои и дадоа основа на својата терористичка армија дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде насочена“, соопшти Иранската национална гарда.

Таа, исто така, се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, пренесува „Дејли меил“.

(Вијести.ба)