Денес за време на церемонијата на отворањето на гасовотот „Турски тек“, претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање изјави: „И покрај напорите за спречување на соработката меѓу Русија и Турција, таа се развива во сите области“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседател Путин наведе дека пренесувањето на рускиот гас во Европа преку Турција ќе влијае на целата европска економија.

Путин посочи дека постојат тенденции во насока на зголемување на тензиите во регионот, додавајќи дека Турција и Русија во таа насока покажуваат тотално друга тенденција.