Премиерот на Малезија го критикуваше американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани и ги повика муслиманските земји да се обединат.
Малезискиот премиер Махатир Мохамад предупреди дека терористички напад на Соединетите држави и атентатот врз генералот Касим Сулејмани може да доведе до тензии на Западот на Азија.
Тој го спореди убиството на иранскиот генерал со убиството на новинарот Џамал Хашоки и рече:
„Ријад и Вашингтон се виновни за овие неморални чекори“.
Коментирајќи ги потезите на американскиот претседател Доналд Трамп, Мохамад рече дека ги крши меѓународните закони и дека светот не може да стори ништо за да го сопре.

Тој, исто така, ги повика сите муслимански земји во светот да се обединат против ваквите закани.
Откако американските сили го убиле генералот Сулејмани во ирачката престолнина Багдад, во петокот, реакции за овој криминален потег дошле од целиот свет.
Истакнатиот борец против тероризмот во западноазискиот регион денес ќе најде мир заедно со своите колеги војници на гробиштата Шахид во југоисточен Иран, каде милиони граѓани се збогуваат со него.










