Ќерката на Сулејмани: Семејствата на војниците на САД на Блискиот исток, ќе ги поминат деновите чекајќи ја смртта на своите деца

0
112

Зеинаб, ќерката на убиениот ирански генерал Касем Сулејмани, на погребот на својот татко ги предупреди САД и Израел за последиците, јавува иранската државна телевизија.

„Луд Трампе, немој да мислиш дека сё еготово со смртта на татко ми“, рекла Зеинаб.

Таа додала дека „мачеништвото“ на нејзиниот татко ќе донесе „црни денови“ во САД и Израел.

Исто така, иранскиот генерал Исмаил Гани, кој го замени Сулејмани на чело на елитните единици Кудс, вети одмазда во интервју за иранската државна телевизија.

„Господ е Семоќен вети дека ќе се одмазди, а Бог е Главен Одмаздник. Акции сигурно ќе бидат преземени “, изјавил Гани во време кога Техеран се откажуваше од преостанатите ограничувања за нуклеарниот договор со светските сили како одговор на убиството на генералот.

Прошталната церемонија на генералот на корпус на чуварот на Исламската револуција, Касем Сулејмани, кој почина во американски воздушен напад во Багдад.

Иран се обрати до Советот за Безбедност на Обединетите Нации.Освен тоа Иран вети дека ќе започне со напади на американските воени бази.