Ердоган: Турција вложува напори за намалување на тензиите меѓу САД и Иран

0
117

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва во Анкара изјави дека неговата земја вложува големи напори за намалување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател исто така рече дека неговата земја отсекогаш се спротивставувала на надворешните интервенции во регионот.

„Турција секогаш се спротивставуваше на странски интервенционизам во регионот“, порача Ердоган.

Кога станува збор за атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, Ердоган рече дека мислел дека на овој потег на САД, Иран, нема да не одговори.

„Мислам дека тензиите треба да бидат ставени под контрола пред да достигнат точка кога сите страни ќе претрпат уште поголема штета“, рече турскиот претседател.

Ердоган исто така во интервју за Си-Ен-Ен Турк ја најави посета на рускиот претседател Владимир Путин, кој во среда 8 јануари ќе престојува во официјална посета на Анкара.

Претседателите на Турција и Русија ќе разговараат за билатералните и регионалните прашања, а доминантна тема, рече тој, ќе биде проектот за гасоводот „Турски тек“.