Папата Фрањо денес повика на дијалог и воздржаност и дека војната носи само смрт и уништување.
Во обраќањето на верниците, папата не го спомна директно Иран, но зборуваше за ужасните тензии што сега можат да се почувствуваат во многу делови на светот.
„Ги повикувам сите страни да се обратат на дијалог и да ги ограничат и одвратат непријателствата“, рече папата.
Соединетите држави го убија иранскиот воен командант Касем Солимани во напад со беспилотно летало во петокот (3 јануари).
(Вијести.ба / СРНА)









