Иран се откажа од нуклеарниот договор

0
123

Иран најави дека повеќе нема да се придржува кон никакви ограничувања наметнати со нуклеарниот договор за 2015 година.

Во соопштението се вели дека тие повеќе нема да ги почитуваат ограничувањата во однос на капацитетот за збогатување, нивоата на збогатување, залихи на збогатен материјал или R&D.

Изјавата дојде по состанокот на иранскиот кабинет во Техеран, јави Би-Би-Си.

Поништувањето на договорот доаѓа по засилените тензии откако американските сили убија ирански генерал, Касем Солејмани, во Багдад во напад со беспилотно летало.

(Вијести.ба / ФЕНА)