Ердоган: Започна Турската воена операција во Либија

0
123

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турските трупи тргнуваат во Либија, откако турското национално собрание даде дозвола за поддршка на меѓународно признатата влада на Либија против пучистичките сили.

„Мисијата на нашите трупи ќе биде да координираат и формираат оперативен центар“, изјави вечерва Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Турските сили во Либија ќе бидат предводени од генерал-полковник, додаде тој.

Парламентот во четвртокот му одобри на Ердоган една година да испраќа трупи на барање на либискиот премиер Фајез ал-Сареј.

Владата на Фајез ал-Сарај во Триполи се бори против пучистичката сила предводена од Калифа Хафтар, поддржана од Русија, Египет, Франција и Обединетите Арапски Емирати.

Учеството на Турција ќе ја зајакне позицијата на меѓународно призната влада на територијата на Либија и ќе доведе до побрзо решение за либиската криза.