Турското Министерство за одбрана ќе донира опрема во вредност од 15,5 милиони евра на црногорската армија во текот на следните пет години.
Турската амбасада во Подгорица потсетува дека Турција и Црна Гора потпишале многу воени договори, вклучително и Рамковниот договор за соработка во воените полиња за обука, технологија и наука во 2014 година и Договорот за соработка во областа на воената индустрија во 2017 година, пренесува ЦДМ.
– Договорот за воена финансиска соработка обезбедува помош во вредност од 100.000 милиони турски лири (околу 15 милиони евра) во модернизацијата на вооружените сили на Црна Гора, а протоколот за финансиска помош предвидува 3,5 милиони турски лири (околу 0,5 милиони евра) за обука на вооружените сили на Црна Гора. Средствата ќе бидат распределени, не сите одеднаш, но постепено, за периодот 2020-2024 година – според Амбасадата.
Како што додадоа, договорите не предвидуваат директен трансфер на пари.
– На списокот најпрво се наведува воената опрема потребна од црногорското Министерство за одбрана. После тоа, црногорските власти ќе ги посетат турските одбранбени компании за да утврдат соодветна опрема. Конечно, стекнувањето на оваа опрема ќе го изврши турското Министерство за национална одбрана – соопштија од амбасадата.










