Хорор на границата меѓу Италија и Австрија: Со автомобил се забил во група туристи, шест мртви

0
148

Шестмина туристи загинаа во регионот Алто Адиге во италијанскиот јужен Тирол, границата помеѓу Италија и Австрија, откако на група од најмалку 17 лица удри  патнички автомобил, пренесува АНСА.

Сите загинати туристи се германски државјани, а уште 111 повредени се во несреќата, од кои тројца се во критична состојба.

Според „Билд.де“, возачот на автомобилот, 20-годишен маж бил пијан, пренесува „Билд.де“, повикувајќи се на италијанските медиуми. Најтешко повредената жена била транспортирана со хеликоптер во болница во Инсбрук.

Несреќата се случила кога група од 17 туристи наводно излегла од еден од местата и застана веднаш до туристички автобус. Во тој момент автомобил со голема брзина ги удри во нив.
Тиролското противпожарно друштво објави на Фејсбук дека 160 помошни служби биле вклучени во помагање на повредените.

(Вијести.ба / НН)