Заканувачки графити за муслиманите напишани на џамија: „Не ширете го исламот, во спротивно ќе ве убиеме“

0
230

Вандали на џамија во чешкиот град Брно преку испишани графити им се заканувале на муслиманите, соопшти денеска чешката полиција, пренесува rfi.fr.

„Не ширете го исламот во Чешка! Инаку ќе ве убиеме“, стои на натписот на оваа верска локација.

Портпаролот на локалната полиција, Бохумил Малашек, за АФП изјави дека полицијата отворича истрага за уништување на имотот вчера попладне.

Во случај на пресуда, сторителите би можеле да издржат до една година затвор.

– Ова го сфаќаме како директна закана. Ова не е анонимен интернет повик – изјавил Мунеб Хасан Алауви, шеф на чешкиот центар за муслимански заедници, за ЦТК.

Алаува потсети на нападите врз џамиите ширум светот и на угнетувачките расположенија и атмосфера во Чешката Република.

Според пописот на пописот во 2011 година, во Чњшла имало 3.358 муслимани. Сепак, според неофицијалните податоци, тој број се движи помеѓу 10.000 и 20.000, според АФП.

Извор:rfi.fr