Антивоен митинг се одржа во саботата во Вашингтон, откако иранскиот генерал Касем Солејмани беше убиен рано во петокот изутрината во воздушен напад од американско беспилотно летало во Ирак.
На митингот пред Белата куќа, кој го организираа повеќе здруженија и антивоени движења, присуствуваа неколку стотици кои ја повикаа администрацијата на американскиот претседатеДоналд Трамп да ги повлече своите сили од Ирак и да не влезе во војната со Иран.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за војна и санкции против Иран“, „Сакаме мир со Иран“ и „Преговори со Техеран“.
Во Лондон во саботата се одржа собир, на кој учествуваа неколку стотици луѓе, меѓу кои и некои пратеници Лабуристичката партија.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не на војната против Иран“, „Не сакаме нови војни“ и ја повикаа британската влада цврсто да се спротивстави на можната војна.
Потсетуваме дека рано во петокот наутро, иранскиот генерал, Касем Солејмани, беше убиен во воздушен напад од американско беспилотно летало во Ирак. Министерството за одбрана на САД соопшти дека нападот го извршиле американските сили под директива на претседателот Доналд Трамп.
Пентагон го обвини Солејмани за заговор за напад врз американски дипломати и официјални претставници во Ирак и регионот, велејќи дека убиениот лидер е одговорен за смртта на стотици Американци и коалициони партнери.
Иранскиот верски водач Али Каменеи најави остар одговор на нападот на САД, а во Иран е прогласена тридневна жалост.
Фото галерија: АА
(Вијести.ба / АА)









