Ракетен напад на Американската амбасада во Багдад (Видео)

0
122

Извештаи за ракетен напад врз американската амбасада во Багдад се појавија откако Иран вети силна одмазда за убиството на високиот воен службеник генерал Касем Сулејмани.

Ракета од типот “Качуша“ падна во зелената зона на американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на локалната полиција. Според безбедносни извори, нема дополнителни информации за можните жртви.

Претходно, дописникот на БиБиСи, Нафишех Коханард, на својот профил на Твитер објави дека е извршен ракетен напад во амбасадата на САД во Багдад.

 

„Скај њуз Арабија“ наведува дека ракетата експлодирала на зелената површина и го блокирала патот што води кон влезот во амбасадата.

Ројтерс, пак, објави дека се слушнале две експлозии во ирачката престолнина, но не е јасно што ги предизвикало.

Американски воени хеликоптери беа забележани на небото над Багдад, непосредно откако се наслушнале експлозии..