САД изврши нови напади во Ирак: Убиени шест лица

0
106

Американските беспилотни летала започнаа нов напад во Багдад, потврдијаза Al Arabiya  извори во ирачката престолнина. Цели биле водачите на Националното движење за мобилизација во Таџ, северно од Багдад.

Ракетите истрелани од американските беспилотни летала погодиле два автомобила во Таџ, северно од Багдад, во напад насочен кон водачите на проиранската милиција, Националното движење за мобилизација, потврдија ирачки извори.

Ројтерс соопшти дека во новиот напад загинале шест лица.

Идентитетот на жртвите сè уште не е познат, но ирачки извори тврдат дека мета на нападот бил Шби ел Заиди, водач на милицијата „Катаим имам Али“.

(Вијести.ба)