Илјадници луѓе се собрале денес во ирачката престолнина Багдад, по повод џеназето на иранскиот воен командант Касем Солејмани и заменик командантот Хашд ал Шааби Абу Махди ал-Мухандис.
На комеморацијата присуствувал и ирачкиот премиер Адил Абдулмахди, како и бројни ирачки владини претставници, команданти на единиците Хашд ал-Шааби и илјадници полицајци и цивили.
Присутните за време на комеморацијата, често извикувале пароли против САД и Израел.
Поворката заминала од Зелената зона во Багдад, а потоа стигнала до шиитскиот град Кербала, а целиот собир ќе заврши во Наџаф каде ќе биде погребан заменик командантот Хашд ал-Шааби ал-Мухандис.
Командантот Сулејмани, кој ја водеше елитната единица на Иранската револуционерна гарда, беше убиен во нападот во Багдад, а Министерството за одбрана на САД соопшти дека нападот го извршиле американските сили под директива на претседателот Доналд Трамп.

Пентагон го обвини Сулејмани за заговор за напад врз американски дипломати и официјални претставници во Ирак и регионот, велејќи дека убиениот лидер е одговорен за смртта на стотици Американци и коалициони партнери.
Во нападот е убиен и заменикот Хашд ал-Шааби Абу Махди ал-Мухандис.
Иранскиот верски водач Али Каменеи најави остр одговор на нападот на САД, а во Иран е прогласена тридневна жалост.
Извор:faktor.ba











