САД ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак

0
126

Соединетите Американски Држави (САД) упатија апел до своите граѓани за итно напуштање на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Амбасадата на САД во Багдад се бара од американските граѓани итно да го напуштат Ирак поради зголемените тензии во регионот.

„Американските граѓани треба да ја напуштат оваа земја, ако има можност преку воздушен пат, ако не, преку копнен пат преку другите земји“, се наведува во ова соопштение.

Во соопштението се вели дека сите конзуларни услуги се прекинати поради нападите на милициските сили поддржани од Иран врз седиштето на американската Амбасада, и побараа од своите граѓани да не се приближуваат до зградата на Амбасадата на САД.

Според ова соопштение, процедурите за патни исправи, како и другите процедури на американските граѓани ќе се реализираат преку Конзулатот на САД во Ербил.

Исто така, од американските граѓани, кои се загрижени за состојбата на своите блиски во Ирак, е побарано да воспостават контакт со Министерството за надворешни работи на САД.