Египетските власти го уапсија интернет комичарот кој на видео на Јутјуб го критикуваше претседателот Абдел-Фатах ел Сиси, јавуваат локалните медиуми.
Шади Срур бил уапсен на Меѓународниот аеродром во Каиро претходно оваа недела по пристигнувањето од Соединетите држави. Еден локален весник на арапски јазик, Ал-Масри Ал-Јум, објави дека ќе му се суди заедно со голем број други обвинети.
Обвинителите го наведуваат апсењето заради поттикнување протести за соборување на владата, објави АП.
Мохамед Лотфи, извршен директор на египетската комисија за права и слободи, во петокот изјави дека Срур одбивал правен совет во текот на првиот круг на испрашување. Групата на Лофти активно ги бранеше оние што беа уапсени во актуелната владина акција.
Срур живее во странство од 2016 година.
(Вијести.ба / ФЕНА)










