КАБУЛ (АА) – Долго очекуваните и долго одложуваните прелиминарни резултати од претседателските избори во Авганистан беа објавени денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според Независната изборна комисија во земјата, актуелниот претседател Ешраф Гани ги обезбеди минимално потребните 50 отсто плус еден глас, во првиот круг избори одржани на 28 септември, не оставајќи простор за втор круг.

Хава Алам Нуристани, претседателката на Независната изборна комисија, на прес-конференција изјави дека комисијата се трудела да обезбеди чесност и транспарентност на изборите испреплетени со нерегуларности, тврдења за измама и технички проблеми.

Според резултатите, Гани освоил 50,6 отсто од гласовите, по кој следува Абдула Абдула со 39,5 отсто и Гулбудин Хекматјар со освоени 3,8 отсто од гласовите.

Кандидатот Абдула Абдула ги отфрли резултатите.