АНКАРА (АА) – Турскиот Парламент денеска го ратификува Предлог-законот за усвојување на Меморандумот за разбирање за безбедносна и воена соработка со Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 27 ноември Анкара и Триполи потпишаа два различни меморандума – еден за воена соработка и друг за поморските граници на државите во Источниот Медитеран.
Договорот за поморските граници ги гарантира правата на Турција во Источниот Медитеран, во услови на едностраното дупчење од страна на администрацијата на кипарските Грци, појаснувајќи дека Турската Република Северен Кипар, исто така, има права на ресурсите во тоа подрачје. На сила стапи на 8 декември.
По Договорот за воена соработка, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара може да размисли за испраќање трупи во Либија, доколку либиската Влада со седиште во Триполи, признаена од ОН, упати такво барање до Турција.










