Средни училишта во Скопје утрово се соочија со бојкот на наставата во пресрет на денешниот втор протест против преголемото загадување на воздухот, што ќе се одржи вечерва.

„Имаме добиено пријави, но засега не можам да кажам колкава е нивната бројка. Пријавите најчесто се однесуваат на притисоците што доаѓаат од раководните позиции во училиштата. Конкретно, оттаму се закануваат дека без разлика колку часови отсуствуваат од наставата, на учениците ќе им се пише како да не биле на училиште цел ден. Пријавите се анонимни, па не можеме да кажеме од кои училишта се“, ни рекоа од Младински образовен форум, кој отвори телефонска линија за пријавување на притисоци и закани поврзани со најавениот бојкот.

Целосната содржина можете да ја прочитате тука.