Распоредот на странските сили на подрачјето на Сирија, која е зафатена со војна, е значително променет со операцијата „Извор на мирот“ што Турските вооружени сили и силите на Националната војска на Сирија ја започнаа источно од реката Еуфрат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Силите на Соединетите Американски Држави (САД) ја напуштија базата во подрачјето опфатено со операцијата „Извор на мирот“ и приоритетно се преместија на подрачјето на нафтените полиња.

Некои од базите и котите, кои се испразнети со повлекувањето на американската Војска, ги зазеде руската Војска. Руската Војска така ги зазеде базите во Сирин, Себит, Ајн Иса и базата „Саидије“ во Мунбич.

Русија ја интензивираше и соработката со ЈПГ/ПКК и испрати околу 20 воени полицајци на воениот пункт во подрачјето Амуде, кое е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Паралелно со тоа, руските сили се распоредени и кај браната „Тишрин“, како и на подрачјето Иза кај Ајн ал Араб (Кобани) и подрачјето Силолар кај Ајн Иса. По руските сили во Силолар влегоа и силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Руските сили со силите на режимот на Асад влегоа и во Мунбич и тоа во екот на операцијата „Извор на мирот“. Руските сили го интензивираа присуството и на аеродромот „Камишли“.

– Американските сили се присутни во Хасеке, Деир ез Зор и Рака

За време на операцијата „Извор на мирот“ американските сили напуштија 16 воени бази, а по паузирањето на операцијата се вратија во шест од нив.

САД го зајакнаа военото присуство во североисточниот пограничен појас и во подрачјето на нафтените полиња во тој дел на Сирија.

Американските сили во моментот на подрачјето на покраината Хасека имаат пет воени бази и касарни и работат на воспоставување две позици во местата Кахтаније и Химо.

Силите на САД така го задржуваат присуството на сириско-турската граница и ја задржуваат контролата и безбедноста на нафтеното поле во Хасеке.

На ист начин американските сили имаат четири бази во Деир ез Зор и две во Рака. Во тек се подготовките за отворање на две нови американски бази во Деир ез Зор.

– Француските сили се присутни во подрачјето на дејствување на терористите од ЈПГ/ПКК и Војската на САД

Во подрачјето на покраините богати со нафта Деир ез Зор, Хасека и Рака се наоѓаат и четири бази на француската Војска. Сите тие бази Французите ги користат заедно со Војската на САД и под заштита на терористите на ЈПГ/ПКК. На подрачјето под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК во моментот се наоѓаат околу 200 француски војници.

Базите во кои се распоредени француските војници се наоѓаат во местото Џипсе во јужниот дел на Хасеке, во фабрика за шеќер во Рака и на нафтените полиња „Омер“ и „Тенек“ во Деир ез Зор.

Француската Војска учествуваше во борбите против терористите на ДЕАШ во Деир ез Зор, а во моментот врши обука на терористите на ЈПГ/ПКК.

И француската Војска во екот на операцијата „Извор на мирот“ се повлече од неколку позиции на периферијата на Рака, Ајн ал Араб и Мунбич.


AA / Dubai-Portal