Деветгодишно момче од западната јапонска провинција Хјого, го положи факултетскиот испи по математика, објави во вторникот јапонскиот институт за математика.

Шого Андо (Shogo Ando) веќе две години се подготвувал за испитот и има намера да ги искористи своите математички вештини за да го унапреди општеството, соопшти институтот, пренесува новинската агенција Кјодо.

Според извештаите во медиумите, момчето изјавило дека би сакал да го искористи своето знаење за борба против климатските промени.

Испитите и достигнувањата се во срцето на конкурентскиот јапонски образовен систем.

Како и да е, според најновите податоци од Меѓународната програма за проценка на студентите (МППС) (ПИСА), Јапонија опадна од петто на шесто место по математичко знаење на студентите.


Dubai-Portal / Tuko