АНКАРА (АА) – Турските сили реновираа училиште кое беше тешко оштетено од терористичката организација ЈПГ/ПКК и го претворија повторно во образовен центар, се соопштува од турското Министерство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите херои војници не само што носат мир, безбедност, градат патишта, обезбедуваат вода и електрична енергија со другите институции на нашата Влада, туку исто така, градат иднина за сириските деца, со тоа што ги реновираат училиштата кои беа засолништа на терористите на ПКК/ЈПГ, повторно во образовни центри“, се соопштува од Министерството на Твитер, при што е објавено кратко видео од тој проект.
Објавено на англиски и турски јазик, на видеото се прикажува однатре и однадвор реновираното училиште „Нукра“ во Рас ал Ајн, Сирија.
„Турските вооружени сили, Министерството за национална одбрана на Турција и гувернерот на Шанлиурфа работеа заедно со нашите браќа од Сирија кои го приближуваат училиштето до образовните стандарди“, се вели во видеото.
На видеото се прикажува дека во училиштето е отворена и градинка.
На 9 октомври Турција ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северниот дел на Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел да се обезбедат границите на Турција, да се помогне во безбедното враќање на сириските бегалци и да се осигура територијалниот интегритет на Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
AA / Dubai-Portal










