Соединетите Американски Држави (САД), во Омар, најголемото нафтено поле во Сирија, назначија експерти по потекло од Египет и Саудиска Арабија, со цел зголемување на производството на нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, 15 експерти од Египет и Саудиска Арабија, на 13 декември вечерта пристигнале на нафтеното поле Омар, во Деир ез Зор, кое е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Екипата составена од инженери и техничари со американски хеликоптери преку Ирак преминале во Сирија, за да спроведат анализи во најголемото нафтено поле во Сирија.
Експертите ќе работат на зголемување на производството на нафта, а исто така ќе обезбедат и обука за локалните власти.
САД минатата недела соопштија дека во нафтеното поле ќе вработат луѓе обучени во таа област.
На нафтеното поле окупирано од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пред граѓанската војна во Сирија дневно се произведуваа околу 75.000 барели нафта.
AA / Dubai-Portal









