ЕРУСАЛИМ (АА) – Владејачката израелска партија Ликуд исклучи од партијата стотина членови познати по критиките за работата на лидерот на партијата и премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ликуд на 26 декември ќе одржи конгрес на кој ќе бидат бирани претседател и раководство на таа партија.

Весникот „Ерусалим пост“ (Jerusalem Post) јавува дека во пресрет на конгресот, од Ликуд се исклучени 100 члена кои се познати како опоненти на Нетанјаху во рамки на партијата.

Истиот извор јавува дека исклучените членови на Ликуд писмената одлука за тоа ја добиле на 11 декември, и дека упатиле жалба до раководството на партијата.

Шефот на дисциплинската комисија на Ликуд, Михаел Клејнер, тврди дека одлуките за дистанцирање на одредени членови се донесени многу пред претстојниот конгрес.

Клејнер рече дека исклучените членови ги покажувале сите знаци на левичарско размислување и дека наводно на последните избори не гласале за сопствената партија Ликуд.

Во екот на длабоката политичка криза во која ниту по два изборни циклуса оваа година не се формираше нова влада, владејачката партија Ликуд следната недела ќе одржи конгрес на кој кандидати за претседател ќе бидат Бенјамин Нетанјаху и Гидеон Саар.


AA Dubai-Portal