ИСТАНБУЛ (АА) – Основачкиот партнер на меѓународната технолошка компанија за недвижнини „Blueground“, Куртулуш Џумхур Коркмаз, истакна дека во идните проекции на меѓународните институции земен е предвид потенцијалот на Истанбул и дека извештајот на „Еуромонитор интернешнал“ (Euromonitor International) за мегаградови, исто така се фокусирал на тоа прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Истакнувајќи дека Истанбул ќе биде најбрзорастечкиот мегаград во Европа до 2030 година, Коркмаз рече: „До 2030 година населението на Истанбул се очекува да се зголеми за 15-20 проценти, додека растот на бруто-домашниот производ (БДП) се очекува да се зголеми за 50-60 проценти. Тоа, всушност, покажува дека Истанбул во следните 10 години може да го живее својот златен период. Ако се работи на тоа, може да се доживее тој златен период.“

Наведувајќи дека бројот на луѓе што живеат во градовите низ целиот свет секој ден се зголемува, Коркмаз рече дека поимот „мегаград“, што се користи за градови со вкупно население над 10 милиони е влезен во светот на недвижностите.

Коркмаз, истакна дека денес има 33 града во светот со население над 10 милиони и посочи дека Истанбул, заедно со Москва и Париз го зацврстуваат своето присуство меѓу овие мегаградови.

– „Потенцијалот на Истанбул го привлекува вниманието на странците“

Според Коркмаз потенцијалот на Истанбул го привлекува вниманието на странците, поради што смета интересот да биде и зголемен.

„Особено во последниве неколку месеци увидовме дека странските компании преземаат чекори за да ги зајакнат своите активности во Турција. Секако дека тој интерес сериозно влијае и во секторот на недвижности. Во наредниот период се очекува тој интерес да биде зголемен. Затоа клучно е одблизу да се следат трендовите кои даваат правец на светската економија“, рече Коркмас.

Тој истакна дека како „Blueground“ даваат услуги за изнајмување приватно домување на компании и индивидуални корисници, како и дека процентот на странци кои живеат во Истанбул во становите на „Blueground“, изнесува околу 70 проценти.

„Нашите гости се најмногу од лицата кои работат во странски корпорации во Турција. Во последно време се истакнуваат и гости од повеќе држави од Персискиот Залив, кои доаѓаат за туристичкиот сектор. Но, меѓу нашите гости на преден план се Европејците и Американците. Исто така, можеме да кажеме дека во последно време и Кинезите покажуваат голем интерес“, нагласи Коркмаз.

Посочи дека „Blueground“ е основана во 2013 година, при што потсети дека првата инвестиција ја има направено во Истанбул во 2016 година и дека затоа Истанбул за нив има големо значење.

„Состојбата во која се наоѓаме денес покажува дека сме направиле вистински избор со тоа што верувавме во Истанбул. Од денот кога дојдовме во Истанбул, секоја година прометот ни се зголемува за трипати и продолжуваме да растеме. Во моментот надминавме 400 станови во Истанбул. Нашата цел е до крајот на идната година да стигнеме до бројката од 1.000 станови“, рече Коркмаз.


AA Dubai-Portal