ХАТАЈ (АА) – Обединетите нации (ОН) денеска испратија 24 камиони со хуманитарна помош во северозападната сириска покраина Идлиб, јавува Агенција Анадолија (AA).

Камионите го поминаа граничниот премин Џилвеѓозу во јужниот дел на Турција со помошта која треба да се достави до жителите во населените области во Идлиб, како и во околните села.

Во Сирија владее граѓанска војна од 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.

Се смета дека оттогаш стотици илјади луѓе се убиени, а над 10 милиони се раселени како последица на конфликтот.

Идлиб се наоѓа во рамките на деескалациската зона утврдена со Договорот меѓу Турција и Русија кон крајот на 2018 година.

Во деескалациската зона во моментот живеат околу 4 милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади раселени од различни делови на земјата.


AA Dubai-Portal