Шефот на либиската влада за национална спогодба, поддржан од Обединетите нации, Фајиз Ал-Сарај(Fayiz Al-Sarraj), во петокот вети дека нема да и дозволи на земјата да стане „пештера на диктатурата“ на Калифа Хафтар(Khalifa Haftar), објави Араби21.

Хафтар одржа говор во четвртокот, пренесен од телевизијата Ал Арабија(Al Arabiya TV), каде најави започнување на „решавачка битка“(“decisive battle”) за фаќање на Триполи. Ова дојде веднаш откако силите на Триполи ги поразија силите на Хафтар, јужно од главниот град. Во својот говор, Хафтар изјави дека им дал наредби на своите сили да напредуваат кон „срцето на главниот град за да го ослободат од затворот“.

Хафтар исто така тврди дека ќе издаде амнестија на вооружените групи во Триполи, доколку тие го положат оружјето.

„Некои веруваат дека сила, диктатура и угнетување се обидуваат да ја контролираат оваа земја“, изрази Ал-Сарај на објавата на Хафтар, „но Аллах им даде сила на синовите и бунтовниците од оваа земја со цел да ја заштитат “.

Ал-Сарај ги повика сите Либијци да го поддржат демократскиот избор, како и за оние што ги опиша како „малкумина“, да се откажат од своите „илузии“.


 Dubai-Portal / WAM