Играчот на англискиот премиерлигаш Арсенал, „Месут Озил“, во петокот ги обвини муслиманите дека молчеле за, како што рече, кинескиот прогон врз Ујгурите во Ксинџијанг.
На својот профил на Инстаграм, турскиот интернационалец напиша текст под насловот „Источен Туркстан: Крварење на раната на исламскиот умет“, нарекувајќи ги Ујгурите „воини кои се спротивставуваат на гонењето… Славни верници кои сами си водат борба против оние кои насилно ги оддалечуваат луѓето од исламот. “
„Изгорени се Курани … Џамии се затворени … Исламските теолошки училишта, медресите се забранети … Верските научници – учители беа убиени еден по еден … И покрај сето ова, муслиманите остануваат тивки. Зарем не знаат дека давањето согласност за прогон е самото прогонство? Чесниот Али р.а, зет на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с, вели: ‘Ако не можете да спречите прогон, изложувајте го“.
Кина е обвинета за спроведување на репресивни политики против Ујгурите, (турска муслимански етникум) и за ограничување на нивните верски, трговски и културни права.
Кинескиот регион Ксинџијанг е дом на околу 10 милиони Ујгури. Турската муслиманска група, која сочинува околу 45% од населението на Ксинџијанг, долго време ги обвинува властите на Кина за културна, верска и економска дискриминација.
Околу еден милион луѓе, или околу 7% од муслиманското население во Ксинџијанг, се наоѓаат во затвор во мрежата на проширување на кампови за „политичко преобразување“, според американски официјални лица и експерти на ООН.
Во извештајот, минатиот септември, „Хјуман Рајтс Воч(Human Rights Watch)“, ја обвини кинеската влада дека спроведува „систематска кампања за кршење на човековите права“ против муслиманите Ујгури, во Ксинџијанг.
Dubai-Portal / WAM









