Консервативците на Борис Џонсон освоија најмалку 326 места, доволно за да обезбеди мнозинство и Џонсон, остане премиер.

Во својот говор по добивањето на мнозинството, Џонсон изјави дека станува збор за историска победа која ќе му овозможи да ја почитува волјата на британскиот народ и да ја извади Велика Британија од ЕУ.

Лабуристичката партија го постигна можеби најлошиот резултат од Втората светска војна, односно од 1935 година. Се очекува Џереми Корбин (Jeremy Corbyn ), да биде повикан за одговорност за лошиот резултат.


Џон Берко (John Bercow), поранешен претседател на парламентот, рече дека се работи за апсолутно драматична победа на Борис Џонсон, доколку резултатите се покажат точни и ќе му дадат кредибилитет да го спроведе Брексит до крајот на јануари 2020 година.

„Ова е фантастична победа за Конзервативната партија и Борис Џонсон“, рече Берков.

„Џонсон целосно го исплати изборниот гејм. Ова е апсолутно драматична победа“.

Тековната состојба на парламентарните e :

Конзервативците(Conservative Party): 365 места
Лабуристите(Labour Party): 203 места
Шкотската национална партија(Scotish National Party): 48 места
Либерални демократи(Liberal Democrats): 11 места
Плеид Цимру(Plaid Cymru): 4 места
Зелените(Green Party): 1 место
Партија за Брексит(Brexit Party): 0 места
Партија за независност на Велика Британија(UK Independence Party): 0 места
Други партии: 3 места

Премиерот на Шкотска е задоволен од изборите

Шкотската национална партија ќе добие 48 места и либералните демократи 11.


Dubai-Portal / The Guardian