Франција објави денеска, дека ќе прими 400 бегалци од Грција во наредните месеци, рече Патрик Мејсоннав, францускиот амбасадор во Атина, во интервју за грчката новинска агенција АНА.
„Ние сакаме да и помогнеме на Грција, која се соочува со зголемен пораст на бегалци во последните неколку месеци, со прием на 400 луѓе кои пристигнале на грчка територија“, рече Мејсоннав.
70.000 бегалци пристигнаа во Грција оваа година
Што се однесува до оние на кои им е одбиено барањето за азил, тој рече дека Франција ќе соработува со Грција и Фронтекс во враќањето на истите во нивните матични земји.
„Ние, исто така, ќе ја интензивираме борбата против мрежите за шверц на бегалци со помош на француски експерти во Грција“, додаде тој.
Според УНХЦР, повеќе од 55.000 бегалци пристигнале во Грција оваа година преку Егејот, а повеќе од 14.000 пристигнале преку копнената граница со Турција.
Dubai-Portal / Ekathimerini









