Европа, особено Германија, ги критикуваа санкциите на на САД за рускиот гасовод Северен поток 2, за кој поддржувачите сметаат дека е стратегија за снабдување, но беше критикувана за зајакнување на влијанието на Москва.

„Во принцип, ЕУ се спротивставува на санкциите за секоја компанија на ЕУ, ангажирана во легитимна активност“, рече во четвртокот европскиот комесар за трговија Фил Хоган(Phil Hogan). Германија, корисникот на проектот, што ќе му овозможи двојно испорака на евтиниот руски природен гас.

„Одлуките за европската енергетска политика се донесуваат во Европа, а не во Соединетите Држави. Во принцип, ние ги отфрламе интервенциите и надворешните санкции кои имаат вон-територијални ефекти“, напиша министерот за надворешни работи Хиеко Маас(Heiko Maas), на Твитер.

Министерството за економија изјави дека жали за одлуката за санкции.

„Необичен потег“

Карстен Шнајдер, официјален претставник на Социјалдемократската партија, сојузник на конзервативната Ангела Меркел во владата, беше уште подиректен, велејќи дека „Соединетите држави сега се вратиле на Дивиот Запад, каде се применува единственото право на посилните“.

Конзервативниот пратеник Јоаким Фајфер(Joachim Pfeiffer) изјави дека станува збор за „непријателски потег“.

Гасоводот, кој теоретски треба да се пушти во употреба пред крајот на годината, треба да помине под Балтичко Море и да ја заобиколи Украина. Ова ги разлути Соединетите држави, кои со месеци и се на закануваа Европа со санкции, но и Киев, Полска и балтичките земји се загрижени за руските аспирации во Европа.

Овие земји тврдат дека завршувањето на гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европејците од рускиот гас, што ќе го засили влијанието на Москва и ќе го ослабне влијанието на Украина, сојузникот на Западот во области каде поминува голем дел од рускиот гас.


Dubai-Portal / EUobserver