САРАЕВО (AA) – Александар Вучиќ, претседател на Република Србија му честиташе вечерва на австрискиот писател Петер Хандке, негаторот на геноцидот извршен во „заштитената зона во Обединетите нации” во Сребреница во 1995 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Драг пријателе, примете мои најискрени честитки. Како добитник на Нобеловата награда запишани сте во Бесмртните. Оваа награда е награда за ваше извонредно книжевно дело, за вашето знаење и креативност, но и за неспоредливите моралните квалитети, храброста и достоинството, да се борите за своитее идеали на врвен интелектуалец. Србија ве смета за вистински пријател и слободно ќе ви речам дека ја доживуваме вашата Нобелова награда како да ја освои еден од нас”, се наведува во честитката на Вучиќ за Хандке, кој и во текот на воените деведесетти години од минатиот век го поддржуваше Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија, кој е обвинет од Хаг за воени злосторства.
„Сега со Иво Андриќ славиме уште еден добитник на Нобеловата награда. Се надевам драг пријателу, на ваша скорешна посета на Србија”, стои во честитката на Вучиќ, објавена на официјалната интернет страница на претседателот на Србија.
Во изминатите денови Косово, Албанија, Турција и Хрватска реагираа поради доделувањето на Нобеловата награда за книжевост на контроверзниот австриски книжевник Петер Хандке и соопштија дека нема да учествуваат на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм.
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер денес објави дека му се дадени „инструкции на амбасадорот на Северна Македонија во Шведска да не земе учество во церемонијата на доделувањето на Нобелова награда на Хандке.“
AA / Dubai-Portal








