СТОКХОЛМ (AA) – Неколку стотици граѓани се собраа вечерва на Нормалм плоштадот во Стокхолм во знак на протест поради вечерашната церемонија на доделувањето на Нобеловите награди за 2019 година, на која награда прими и контроверзниот австриски писател Петер Хандке, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата на доделувањето на наградите од областа на физиката, медицината, хемијата и економијата одржана е во Концертната куќа во Стокхолм, а присуствува овогодинашните добитници, членови на шведското кралско семејство, како и бројни поканети гости. Церемонијата помина со бојкот на Хрватска, Босна и Херцеговина, како и Албанија, Турција и Косово, поради книжевникот Петер Хандке, негатор на геноцидот извршен во Сребреница во „заштитената зона на Обединетите нации” во Сребреница во 1995 година.
На протестите се наоѓа и поголема група на граѓани од Босна и Херцеговина, меѓу кои и членови на Здружението на Мајките на Сребреница. Освен бошњачки знамиња, на протестот имаше и знаме на Албанија, која е една од земјите кои го бојкотираат овогодинашното доделување на Нобеловата награда.
Теуфика Шабановиќ, иницијаторка на протестот која е по потекло од Сребреница, потврди дека на протестите веќе се собрале неколку стотици лица.
„Доделија награда на човекот кој го негираше геноцидот и воените злосторства извршени на подрачјето на Босна и Херцеговина во текот на деведесетттите години. Ние стоие на страната на вистината и правдата”, порача Шабановиќ.
Како што рече, на протестите се и Мајките на Сребреница, како и поранешни логораши.
Овогодинашниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, австрискиот книжевник Петер Хандке, познат е по контроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.
Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, во Косово и во регионот предизвика бројни негативни реакции, а одржан е и протест пред Амбасадата на Шведска во Приштина.









