АНКАРА (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а две се сериозно повредени во пукањето што се случи во болница во Чешка, соопшти денес чешката полиција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според јавувањата на медиумите, пукањето се случило во болницата „Острава“, во североисточниот дел на земјата, околу 7:00 часот наутро по локално време.

Полицијата истакна дека сè уште трага по сторителот.

„Има четири мртви и две тешко повредени лица на местото на настанот. Полицијата интензивно трага по сторителот. Бараме јавноста да соработува во случај на какви било сознанија“, соопшти полицијата на Твитер.


АА / Dubai-Portal