РИЈАД / МЕКА: Министерството за општински и рурални работи го прекина условот на рестораните, да имаат посебни оддели за мажи и семејства.
Д-р Маџид Ал-Касаби(Dr. Majid Al-Qasabi), назначен за министер за одделение, во неделата одобри и други ажурирања на правила и прописи во различни сектори.
Д-р Калед Ал-Џа,маз(Dr. Khaled Al-Jammaz), потсекретар-назначен за технички работи во министерството, објасни дека овој потег е дел од голем број амандмани кои вклучуваат 103 регулативи, барања, прирачници, модели, стандарди и апликации за активности од сите видови.
Градоначалникот на Мека, Мохамед Абдула Ал-Куваис(Mohammed Abdullah Al-Quwaihis) изјави за Араб њуз(Arab news) дека амандманите имаат за цел да го олеснат животот на инвеститорите, граѓаните и претприемачите.
„Тие ќе бидат позитивни и ќе олеснат многу услови и ограничувања, но тие нема да влијаат на јадрото на работата во однос на јавното здравство и храната и со оваа одлука ќе се зголеми протокот на инвестиции и бројот и разновидноста на рестораните“, рече тој кажа.
Насер Ал-Шалхоуб(Nasser Al-Shalhoub), еден од сопствениците на неодамна отворениот кафуле „Чаја“, рече дека да се стави крај на условот да се имаат посебни оддели за мажи и жени, одлична одлука – „особено затоа што се соочуваме со проблем со зголемувањето на трошоците затоа што ние сме должни да имаме двоен персонал и двоен оддел, а сега со овој амандман Министерството ни помогна да започнеме со работа и да ги намалуваме трошоците “.
„Ова ќе ни биде од користи, бидејќи ние ќе го искористиме просторот, и областа ќе изгледа подобро“, рече тој..
„Еден добар дизајнер може да обезбеди памени решенија за да им понуди приватност на клиентите на различни начини; не мора да биде со блокирање на местото со подигнување на големи зидови, рече архиектот“, Абдулрахман Ар-Харби(Abdulrahman Al-Harbi,)
Руба Ал-Харби(Ruba Al-Harbi), која управува со ресторан и е сопственичка на еден од попознатите профили на социјалнаа мрежа „Снепчет“ (Snapchat) Вкуси и Кажи- Тст енд Телл@Tasteandtell, исто така се согласи со амандманот. „Залудно е трошење пари за да се отворат две секции за мажи и семејства, бидејќи оваа сегрегација нема да направи ништо кога двете страни ќе се сретнат пред вратите на ресторанот.“ Таа рече дека ја забележала промената пред извесно време, дури и пред да биде објавена на веб-страницата министерството.
„Влегов во неколку ресторани кои имаа само еден дел и се осеќав добро додека седев и јадев таму. “.
Ал-Харби рече дека имало многу проблеми кога рестораните биле поделени. „Семејните делови обично се преполни. Честопати не можете да најдете место да седнете, додека машките делови се секогаш празни затоа што не одат во ресторани исто колку и жените “, рече таа.
Дареин Рајех(Dareen Rajeh), аналитичар за усогласеност, рече дека многу луѓе во Саудиска Арабија требало да се навикнат на постоење на двата пола на истото место без да станат збунети или непријатни. „Треба да ги отвориме нашите хоризонти и да се фокусираме на поважните прашања“.
Dubai-Portal / WAM Agency









