Илјадници пожарникари запалија пасишта во источна Австралија за да спречат ширење на предвидени големи пожари од утрешниот очекуван пораст на температурата.

Над стотина пожари избувнаа во државите Нов Јужен Велс Nов Јужен Велс – Њу Соу Велс(New South Wales) и Викторија, од кои голем дел се палат веќе неколку недели, додека еден од пожарите се прошири на над 60 километри во националниот парк северно од Сиднеј.

Времето се очекува да се влоши утре, кога температурите ќе достигнат до 40 степени Целзиусови со засилен ветер.

„Очекуваме силна опасност од пожар во големи географски области“, рече Шејн Фитсимонс(Shane Fitzsimmons), комесар за противпожарна заштита во Нов Јужен Велс.

„Пожарникарите изведуваат операции за гаснење, задржување и консолидација“, додаде тој.

Уништени повеќе од 680 домови

Пожарот уби најмалку четири лица и уништи повеќе од 680 куќи и запали повеќе од еден милион хектари земја на истокот на земјата, од почетокот на ноември.

Придружени со силен ветер, неколку пожари се споија во една огромна закана за округот Хокесбери, околу 50 километри северозападно од Сиднеј.

Властите предупредуваат дека пожарите нема да бидат изгаснати, сè додека не падне значителна количина на дожд, што не се очекува барем уште три месеци, додека пожарите се проценуваат дека загрозуваат области во кои живеат многу луѓе.

Пожарите носат пепел и чад во Сиднеј веќе две недели, небото е портокалово во текот на денот и видливоста е многу помалку, додека патниците мораат да носат заштитни маски.


Dubai-Portal / ABC