Најмалку пет лица загинаа, а повеќе се повредени и исчезнати во вулканска ерупција на Новиот Зеландскиот „Бел Остров“. Популарна туристичка дестинација со помалку од 50 лица убиени за време на ерупцијата.
„Некои од нив се пренесени на брегот и најмалку еден е во критична состојба“, се вели во полициското соопштение, додека службата за брза помош St John, соопшти дека има околу 20 повредени кои имаат потреба од лекарска помош. Властите соопштија дека меѓу повредените имало и Австралијци.
My god, White Island volcano in New Zealand erupted today for first time since 2001. My family and I had gotten off it 20 minutes before, were waiting at our boat about to leave when we saw it. Boat ride home tending to people our boat rescued was indescribable. #whiteisland pic.twitter.com/QJwWi12Tvt
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019
Околу вулканот е формирана не-летачка зона.
23 лица, од кои некои се веројатно туристи од крстосувачот „Овор на морињата“(Ovation of the Seas), се спасени од Белиот остров каде избувнал вулканот, соопшти полицијата. Претходно се сметаше дека има околу стотина луѓе во близина, но полицијата процени дека на островот имало околу педесет лица, од кои половина сеуште не се познати.
„Експлозивна ерупција“
Белиот остров е на околу 50 километри од северниот брег на Северен остров, еден од двата главни острови на Нов Зеланд. Вулканолозите велат дека вулканот исфрла пепел и чад над 3,5 километри во воздухот и огромни чадови во облацие беа видливи на Северен остров.
Вулканологот Бред Скот(Brad Scott ) изјави пред локалното ток-шоу „Меџик толк“(Magic Talk) дека станува збор за значителна ерупција, објави порталот за новини во Њусхуб(Newshub).
“Тоа беше доста експлозивна ерупција и значително го зафати островот и површината на главниот кратер. За жал, нема многу засолништа на островот – луѓето на островот беа доста изложени”, рече Скот.
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019
Националната агенција за управување со вонредни состојби во Нов Зеланд (НАУВС)(НЕМА) издаде национална тревога за умерена вулканска ерупција.
„Умерена ерупција на вулканот во Белиот остров е опасна во непосредна близина на вулканот“, се вели.
Полицијата и службите за спасување не можат да одат на островот
Властите на Нов Зеланд изјавија на прес-конференција дека акцијата за спасување сè уште трае.
„Знаеме дека во тоа време многу туристи беа околу островот и на островот, и новозеланѓани и странски туристи“, рече премиерката Јакинда Ардерн(Jacinda Ardern).
„Знам дека ќе има огромна загриженост и вознемиреност за секој, чии најблиски беа на островот или во близина на островот во тоа време. Можам да ве уверам дека полицијата прави сè што може“, додаде таа.
Кевин О’Саливен(Kevin O’Sullivan), извршен директор на Новозеландската Крусерска асоцијација, рече дека верува крстосувачот „Овор на морињата“ го обиколувал островот за време на ерупцијата.
„Ovation of the Seas“ е крстосувач со 16ката што може да прими скоро 5.000 патници и има 1.500 членови на екипажот.
„Вулканската активност се смири во текот на денот, но сè уште постои опасност од нова ерупција“, се вели во прес-конференцијата.
“Ние не успеавме да контактираме со луѓето на Белиот остров. Во тоа време, премногу е опасно полициските и службите за спасување да влезат на островот”, рече портпаролот на полицијата, Џонон Тимс, додавајќи дека островот во моментов е “покриен со пепел и вулкански материјал”.
https://www.youtube.com/watch?v=IcgqT2u9PeY&feature=emb_title
Dubai-Portal / Euronews, Twitter









