МОСКВА (AA) – На меѓународниот саем во Москва „Winter Cat Show“ изложени се повеќе од 2.000 мачки од 12 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).

Саемот во „Крокус експо центар“ го организира фелинолошкиот клуб „Роскос“, и привлече голем број посетители.

На саемот се изложени 40 видови мачки, а избрани се „најубава мачка“ и „најубаво маче“.

Во текот на дводневниот саем ќе бидат организирани и презентации преку кои посетителите ќе можат да научат многу нешта за мачките.


AA / Dubai-Portal