ВАШИНГТОН (АА) – Една американска истражувачка компанија ги објави податоците за имињата кои најчесто им се даваат на новороденчињата. Според истражувањето, името Мухамед се наоѓа меѓу 10-те најчесто доделувани имиња, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачката компанија „BabyCenter“, која направи истражување во рамките на американските податоци за социјално осигурување, го објави извештајот за најпопуларните имиња во САД за 2019 година.
Во извештајот се истакнува дека во САД, каде што христијаните и припадниците на останатите вери имаат многу широка палета на имиња што им ги даваат на новороденчињата, муслиманите традиционално продолжуваат на новороденчињата да им го даваат името на божјиот пратеник Мухамед.
Според извештајот, името Мухамед, кое во 2000 година се наоѓало на 620. место на оваа листа, во 2019 година се искачило на 345. место. Се посочува дека благодарение на различните начини на употребата на ова име, уште повеќе се зголемило неговото користење.
На првото место како име кое најчесто им е доделувано на новороденчињата во 2019 година е името Лијам, а потоа следуваат Џексон, Ноа, Ејден, Грејсон, Кадин, Лукас, Елајџа, Оливер и Мухамед.
– И името Алије меѓу првите 10 на листата на женски имиња
Во извештајот се дава податокот и за имињата кои најчесто им се даваат на новородените девојчиња.
Име Алије е името кое муслиманите најчесто им го даваат на своите девојчиња.
Според оваа листа, во САД на девојчињата најчесто им се доделува името Софија, а следуваат Оливија, Ема, Ава, Арија, Изабела, Амелија, Миа, Рајли и Алије.









