ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека неговата земја ќе остане во Сирија сè додека народот на Сирија го сака тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател, а воедно и претседател на Партијата за правда и развој (АК Парија), Ердоган, имаше свое обраќање на состанокот на АК Партијата во Истанбул, при што говореше на различни теми.
Ердоган укажа на присуството на турските сили во Сирија, нагласувајќи дека секој светски лидер со кого се сретнал го прашувал кога Турција ќе се повлече од Сирија.
„Ние му го велиме следното: Вие што барате тука. Ние имаме граница долга 911 километри, дали вие имате граница? Не. Тогаш, на кого му испративте околу 32-33 илјади оружја, опрема, возила? На терористите. Ние ќе останеме тука сè додека вие не се повлечете од таму и сè додека народот на Сирија не ни рече ’ви благодариме, можете да одите‘“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се и на Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Турција и Владата на национално помирување на Либија (УМХ), Ердоган нагласи дека меморандумот сега веќе е доставен до Обединетите нации (ОН).
„Фала Богу градиме многу добра линија меѓу Либија и Турција“, рече Ердоган, додавајќи дека до крај ќе ги користат нивните права на Медитеранот што произлегуваат од меѓународното право.
Турскиот претседател се осврна и на последните случувања во Франција.
„Моментално во состојбата на Франција сè е на виделина. Секое место во Франција е запалено, срушено. Зошто? Бидејќи некој не може да се збогати преку вршење суровост“, рече Ердоган.










