Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Лондон каде што отпатува за Лидерскиот самит на НАТО се состана со претставниците на медиумите.
Ердоган потсети дека Европската унија (ЕУ) ја остави сама Турција по прашањето на бегалците и дека им рече на лидерите на земјите членки на ЕУ дека не ги одржаа своите ветувања за помош.
Претседателот Ердоган истакна дека Партијата СИРИЗА (социјалистичка) во Грција е дојдена во состојба на место на засолнување на припадниците на терористичките организации како ДХКП-Џ, ПКК/ЈПГ и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.
Тој рече: „Со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборувавме и со тоа. Му реков ‘Ти велиш дека имаш тешкотии поради миграцијата, велиш што би можел да направам. Во прва етапа треба да го направиш ова. Ти си член на ЕУ. Покажи ги твоите обиди во врска со ова прашање и ти стегни ги земјите на ЕУ. Тоа, ќе го отвори патот да се однесуваме попозитивно по прашањето на миграцијата.’ Ова прашање го разгледавме и со него.“
Претседателот Ердоган напомена дека на остварената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му рекол дека Турција очекува помош од неговата земја по прашањето на борбата против тероризмот.
„На остварената средба со господинот Мицотакис синоќа му реков ‘Видете, овие припадници на ДХКП-Џ, ПКК/ЈПГ, Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО доаѓаат постојано кај вас и според добиени резузнавачки информации партијата СИРИЗА е место за засолнување на овие. Така да ние очекуваме од вас да преземете став против овие, очекуваме поддршка од вас. И да знаете дека оваа поддршка ќе ја зголеми и нашата поддршка кон вас.“
На едно поставено новинарско прашање за тоа дали на Самитот на НАТО е поставен на дневен ред постигнатиот договор помеѓу Турција и Либија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Пред се, поврзано со меморандумот за разбирање со Либија, ние го потпишавме овој договор со легитимната влада. Меѓутоа, спротивната страна е вознемирена од тоа. Оние кои преминуваат во состојба на добивање на она коешто не е нивно право, кога дојде до ваква состојба секако западнаа во тешко. Секако, онака како што се вознемирени Египет, Кипарско-грчката управа, Израел, а пред се и Грција, тие ја провоцираат и Европската унија (ЕУ).“
Trt. / Dubai-Portal








