Индискиот студент инженер Абишек Банерје(Abhishek Banerjee) (22) останал во шок кога во 2016 година посетил локална работилница за цигли. Тој тврди дека тоа е она што го натерало да дизајнира нов вид цигла, направена од рециклирана пластика.

„Видовме дека таму работниците се третираат прилично нехумано. Условите за работа во таа работилница беа непростливи, луѓето копаа глина со голи раце“.

Во Индија има повеќе од 140.000 произведувачки места, кои имаат големо влијание врз животната средина, но и на здравјето на вработените кои дишат опасна прашина и сулфур диоксид, што може да предизвика респираторни заболувања. Една студија покажува дека индиските цигли трошат до 20 тони јаглен секоја година, предизвикувајќи големи количини јаглерод диоксид да се испушти во атмосферата.

Тој зедно со неговите колеги, Агнимитра Сенгупта, Анкан Поддер и Утсав Батачарија(Agnimitra Sengupta, Ankan Podder i Utsav Bhattacharyya), го отвориле социјалното претпријатие Кјуб(Qube) во 2017 година, чиј краен производ е Пластикјуб(Plastiqube) – нов вид цигла направена од рециклирана пластика.

Тие работеа со собирачите на отпад во Западен Бенгал за да соберат пластика од фрлени шишиња и торби. Производството на една нивна цигла чини 5 рупии(3.88 денари), додека цената за производство на класична цигла е најмалку 10 рупии(7.77 денари).

Оваа иновација веќе му даде соодветно признание на Банерје. Тој беше регионален финалист за млади шампиони на Земјата на Обединетите нации за 2018 година. Исто така е дел од Yunus и Yunus Global Fellowship, кој ги поддржува младите социјални претприемачи, а основачите на Qube се именувани меѓу 30-те најдобри социјални претприемачи на Forbes за Азија, на годишно ниво.

Dubai-Portal.                                                                                           Thebetterindia.